После 25 години го пронашол семејството благодарение на Google Eartha!

popara16 март, 20121min00
6vh5e

Saroo Brierley имал само 5 години кога се загубил во Индија. Повеќе од две децении му биле потребни да си го пронајде своето семејство.

Во далечната 1987 година Saroo имал само 5 години кога со неговиот брат се враќал накај дома откако цел ден го поминале по улиците  на Khandwe. Меѓутоа, на железничката станица барајќи го својот брат кој се загубил влегол во погрешен воз кој носел во спротивен правец од неговиот дом.

Saroo бил многу уморен и заспал во возот, а после 10 часа се разбудил на друг крај од земјата.

Четри месеци се обидувал да се врати дома, соочувајќи се со секакви опасности. Повеќе детали од тој период не се познати, освен дека неговиот брат бил најден мртов на железничката станица. Saroo на крај бил пронајден од државните служебници и бил прогласен за изгубено дете и бил даден на посвојување.

Него го посвоиле луѓе од Тасманија, но во ниту еден момент не престанал да ги со бара семејството. Со помош на социјалните мрежи, сопствената меморија и Google Earth се обидувал да се сети на деталите од своето мачно детство.

Тој го знаел само името на својот град и своето презиме, ги контактирал локалните власти, детално ги прегледувал улиците со помош на Google Earth и на крај успеал во својата намера. Го нашол своето семејство и сега планира за својата животна сторија да сними филм.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag