Бјелина – дојавата за експлозивна направа поставена во свадбената сала во хотелот Дрина во Бјелина ја прекинала свадбената церемонија во 23 часот.
Сепак, се рааботело за лажна бомба и дојава, а според неофицијалните информации сето тоа било дело на поранешното момче на невестата.
По едночасовен прекин на свадбата, прославата продолжила, а полицијата засега не открила дали го пронашла сторителот.
Моментално се работи на идентификација на човекот кој го направил лажниот повик и дојава за бомба на свадбата.