Потребна ви е енергија, мотивација, инспирација и желба?

popara5 март, 20121min00
2

„Немој да дозволиш некој да ти каже дека не можеш да направиш нешто. Имаш сон, тогаш мора да го заштитиш! Луѓето не можат да направат нешто самите и ќе ти кажат – ти не можеш да го направиш ова. Доколку сакаш нешто, оди земи го! Точка!” – говор на Вил Смит во филмот „Потрага по среќа” упатен кон неговиот син.

„Се борев со алигатор. Така е, се борев со алигатор!

Се давев со кит.

Му ставив лисици на громот,

И го фрлив во затвор.

Тоа е моќно.

Минатата недела, убив карпа,

Повредив камен,

Хоспитализирав цигла,

Толку сум злобен, што можам да го разболам лекот.

Јако.

Брз. Брз. БРЗ!

Минатата ноќ, го исклучив светлото и успеав да легнам во креветот, пред собата да стане темна.

Брз!

И ти и Џорџ Форман, сите вие ќе се поклонувате кога ќе го истепам, СИТЕ! Знам, знам дека ви е фаворит, но човекот е во неволја. Ќе ви покажам колку сум ГОЛЕМ!” – Мухамед Али неколку дена пред големата борба со тогашниот светски шампион Џорџ Форман, во Kиншаса, Заир. Секако Али победи, и по втор пат во кариерата стана светски шампион.

„Да ти кажам нешто што веќе го знаеш. Светот не е само сонце и виножита. Тоа е многу злобно и одвратно место, и без разлика колку си цврст, ќе те претепа и ќе те остави на дното ако му дозволиш. Ти, јас, никој на светов, нема да удира силно колку животот. Но не се работи за тоа колку силно удираш. Се работи за тоа колку силно можеш да бидеш удрен, и да продолжиш понатаму. Колку можеш да издржиш, и да продолжиш понатаму. Така се доаѓа до победа! Ако знаеш колку вредиш, тогаш оди земи го тоа за што знаеш дека вредиш. Но треба низ патот да примиш удари, и да не покажуваш со прсти кога нема да бидеш таму каде што сакаш, дека не си таму заради него, неа или било кој! Кукавиците го прават тоа, а ти не си кукавица! Ти си подобар од тоа!,” говорот на Силвестер Сталоне во „Роки Балбоа” упатен кон неговиот син.

Сите овие цитати се извадок од едно од најмотивирачките видеа кои можете да ги најдете на интернет.  Погледнете го пред работа, вежбање или било каква активност и ќе добиете дополнителна енергија. Прекрасен извор на мотивација!


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag