Употребата на повеќе кафе ги намалува шансите од појава на диабет тип 2, докажале експертите од Харвард. Пропорцијата на намалената опасност е правопропорционална на количината испиено кафе секој ден.
Ефектот на кафето против диабетот според американските експерти, зависи од полот, возраста и географската положба на луѓето.
На полезниот ефект на кафето не влијаат и штетните навики, меѓу кои пушењето, како и нивото на физичка актвност и телесната тежина.
Експертите го поврзуваат ваквиот ефект на кафето со присутните во него специфични антиоксиданси кои ја зголемуваат чувствителноста кон инсулинот и соодветно го блокираат развојот на диабет од тип 2.
Но во исто време не треба да се претерува со кафето, тврдат специјалистите, зошто има и негативни ефекти, односно предизвикува покачен крвен притисок.