Несреќата се случила во вторникот во мексиканската фабрика за гас „Пемекс“, која се наоѓа во близина на границата со САД.
Пожарот во гасната централа однесе 29 животи, 46 биле повредени, а голем број од работниците се водат како исчезнати.
Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон наредил обвинителството веднаш да испита кои се причините за пожарот.
Брзата реакција на службите за спасување, пожарникарите и војската спречиле да се случи поголема трагедија, навел претседателот.