Познати, пазете се: Боки 13 се заканува со својата автобиографија!!!!

popara23 февруари, 20121min00
boki-13-2

Боки наш, на својот профил на Фејсбук напиша дека наскоро ќе објави автобиографија, во која ќе открие апсолутно сé!

– Во мојата автобиографија ќе има: многу секс, многу љубов, исто толку омраза, човечка злоба, интриги, борба за опстанок, подеми и падови, долги и непроспиени ноќи, лажни пријатели, вистински пријатели, лажна љубов, вистинска љубов, шопинг, култура од целиот Балкан… Тоа ќе биде вистински бестселер и одлично сценарио за Холивуд! Сега можеби сето тоа ви звучи неверојатно, но тоа ќе биде вистина! Колку и да ме осудуваат, оспоруваат… мојот лик и дело ќе остави голем траг на Балканот… Некој веќе го разбира и почитува, а некој ќе го разбере подоцна… Но, јас сум како стара чекална и се додека не ја исполнам мојата животна мисија, јас ќе продолжам… Ние сите сме еднакви пред Бога, тој е оној кој ги создал сите човечки разлики и ја направил единствената поделба – на “добри и лоши”. Друга поделба не постои и никогаш нема да постои во мојот мозок! – напиша Боки.

– Ќе откријам многу јавни личности, со полно име. Сé ќе разоткријам! Јас не се плашам од никој и од ништо, а оние кои се плашат очекувам дека од денес ќе почнат да се јавуваат и да ми се закануваат – одговори во негов стил Боки, на прашањето за неговата книга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma