И оваа година на модната недела во Њујорк, првите редови беа резервирани за познатите модни зависници.
Модната недела не би била комплетна доколку првите редови не би биле резервирани за нив.
Облечени според најновите трендови ги пратеа ревиите кои ја диктираат модата за наредната сезона.
Кралицата на модата, познатата уредничка Ана Винтор, во бел ткаен фустан, со својата Боб фризура будно ги пратеше колекциите на дизајнерите.
Сексипилниот супермодел и водител Тајра Бенкс седеше рамо до рамо до телевизиската реалити звезда Ким Кардашиан и нејзиниот дечко, познатиот рапер Кание Вест.
Холивудската двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс, Викторија и Дејвид Бекам, Селма Хајек, познатата модна икона Сара Џесика Паркер и многу други беа дел од оваа модна недела.