Прашања и одговори после кои нема да сте истите!

popara24 мај, 20121min00
s3

Напишаните подолу прашања нема да бидат нешто ново за никој од вас, зошто одговорите им се општопознати вистини од оние најскриените и најинтимните за кои сме размислувале сите во една или друга фаза од својот живот.

Овие прашања немаат точни и погрешни одговори. Но откако ќе ги одговорите тие имаат таква сила за да ја сменат вашата представа за животот и за вас сдамите, а сме сигурни дека ќе дадат решение за барем еден важен проблем.

Едноставно прочитајте ги и обидете се да одговорите. И најважно – бидете искрени!

Не заборавајте, понекогаш тоа да го зададеш вистинското прашање е всушност одговорот.

Што е полошо, да направиш грешка или никогаш да не пробаш?

Штом животот е толку краток, зошто правиме толку многу работи кои не ни се допаѓаат и зошто наместо тоа не го правиме само она што ни се допаѓа?

Дали навистина го правите она во што верувате, или едноставно сте се помириле со она што го правите?

Ако должината на човечкиот живот беше 30 години, како ќе го живеевте?

Ако можете да дадете на едно новородено бебе само еден совет, што би било тоа?

Ви се случило ли да видите креативност онаму каде во почетокот сте гледале лудост?

Што е она што не сте го направиле, а вистински сте сакале? Што ве спречува?

Го притискате ли копчето од лифтот повеќе од еднаш? Навистина ли мислите дека тоа ќе го направи побрз?

Што избирате – да сте загрижен гениј или весел глупак?

Се сеќавате ли за оној момент пред 5 години, кога сте биле ужасно вознемирени? Дали тоа воопшто ве допира и сега?

Ако не сега, тогаш кога?

Возможно ли е да знаете, без сомнеж, што е добро и што е зло?

Ако добиете милион евра, ќе го напуштите ли работното место?

Ако не сте постигнале сеуште ништо, што воопшто имате да губите?

Каква е разликата помеѓу тоа да сте живи и да живеете вистински?

Дали сами решавате или дозволувате на другите да решаваат наместо вас?

Кога беше последниот пат, кога чекоревте во мракот, водени единствено од слабото светло на некаква идеа, во која слепо верувавте?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag