Аква Експедишнс е прекрасен пловечки хотел со 5 ѕвездички кој плови по реката Амазон и ви ги нуди сите погодности како најдобрите хотели на светот.
Проектот е дело на архитектот Џорди Пиг од Перу и е единственото луксузно пловило кое плови по најголемата река во Јужна Америка. Хотелот располага со 12 апартмани од 100 квадрати со прекрасни прозори од кои може да ја набљудувате природата.