Оваа прекрасна куќа се наоѓа во шума во близина на Гватемала Сити. Куќата, популарно наречена Каса Корало, која ја проектирала архитектонската куќа Паз Архитектура, се наоѓа во реонот Санта Росалиа во Гватемала.
Наместо ѕидови, поголемиот дел од куќата е прекриен со огромни прозорци кои нудат прекрасен поглед на магичната околина, а самиот ентериер на куќата ќе ве остави без здив. Она што е најинтересно е фактот дека самата куќа е направена во склоп со природата, односно во нејзиниот ентериер ќе најдете живи дрва кои се простираат на повеќе спратови и кои ви даваат чувство дека „живеете“ во самата природа.