Пенелопе Круз е 14-та позната убавица која ќе го краси познатиот Кампари календар за 2013 година.
Ако судиме според фотографиите од снимањето, на сетот било забавно и скокотливо.
Позирала во неколку фустани, а сите до една го истакнувале нејзиното деколте, грбот и целата фигура.
Пенелопе, која има 38 години, тргнала по стапките на досегашните убавици кои го красеа календарот, а меѓу нив се најдоа Селма Хајек, Ева Мендез, Џесика Алба и Мила Јововиќ.
Станува збор за еден од најпопуларните уметнички календари и отпечатени се во ограничен број од само 9.999 примероци. Темата на овогодинешниот календар ќе биде објавена во есен.