Оваа лампа наречена Anisha, е дизајнирана од италијанското дизајнерско студио Foscarini. Таа не преставува само обична лампа, туку е прекрасен, личен објект во кој ќе се заљубите на прв поглед. Таа има кружна форма, со динамична нерегуларна елипса. Можете да ја запалите само доколку го ставите прстот на одреденото место. Ја има во две бои црвена и бела, и е прекрасно решение при уредувањето на одреден простор од вашиот дом.