66 годишниот Роберт Расел од Тексас чиј автомобил бил украден пред 42 години, го пронашол на eBay во Калифорнија.
Роберт за полицијата во Лос Анџелес изјавил дека никогаш не престанал да го бара својот „Остин хили“ од 1967 година, кој му бил украден во Филаделфија 1970 година.
„Фактот дека автомобилот се уште постои е неверојатен. Очекував дека ќе биде фрлен во некој отпад или уништен“, изјавил Роберт.
Серискиот број на автомобилот потврдил дека тоа навистина е колата на Роберт, а тој го и мал и оригиналниот клуч. Автомобилот сега вреди 23.000 долари.