Кога Лиса Милер почнала да игра FarmTown на Фејзбук не ни помислувала дека тој потег ќе ја претвори во херој.
Лиза преку оваа игра се спријателила со жена од Ајдахо и сосема случајно дознала дека нејзината ќерка Тифани чека трансплатација на орган од кој и зависи животот. Милер стапила во котакт со Тифани и по бројни допишувања и телефински повици, таа одлучила да и помогне.
Во последните три години Лиса целосно се посветила во потрага по бубрег за својата нова пријателка, ги прашала сите пријатели на споменатата социјална мрежа дали би можеле да и помогнат, меѓутоа ништо од тоа. Пред неколку месеци таа сосема случајно го прашала својот сопруг Крис дали сака да се тестира и да провери дали има иста крвна група како и Тифани. Резултатите покажале дека крвните групи им се поклопуваат и Крис бил решен да и помогне.
-Заслужува подобар живот. Два пати неделно оди на дијализа и мислам дека ова што го направив е исправно, изјавил Крис.
Операцијата е закажана за јануари, а Милер не само што го спасиле животот на ова младо девојче, туку организирале и собирање на средства кои ќе ги покријат трошоците за операцијата.
-Многу работи му недостасуваат на ова младо девојче. Да, добива бубрег од мојот маж. Многу луѓе не прашуваат зошто тоа го правиме, но ние сакаме да се погрижиме тој бубрег да преживее. Не и го даваме на еден ден, туку за целиот живот, изјавила Лиса.