Прелиминарни оценки: Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскарите!!!

popara27 февруари, 20121min00
NAslovna najdobro

Иако допрва ќе анализираме како кој бил облечен на церемонијата за доделувањето на Оскарите, решивме да ги споделиме нашите првични впечатоци и оценки.

Не воодушеви младата Ема Стоун со својата прекрасна црвена креација дело на Џамбатиста Вали. Стејси Кеблер, партнерката на Џорџ Клуни, носеше златен фустан креација на Маркеса и изгледаше фантастично, иако наликуваше на самата статуетка. Мишел Вилијамс изгледаше фантастично во својот Луи Витон фустан. Интересен беше и фустанот на Џесика Частаин, рачна изработка на модната куќа Александар Меквин. Меѓу најдобрите секако беше и Виола Дејвис со својот зелен фустан креација на Вера Венг. Како последна меѓу најдобрите ја издвојуваме Мила Јовович во прекрасната бела креација на Ели Сааб.

Е сега, да се осврнеме на „другиот крај од спектарот“, односно на оние кои оваа година направија модни утки со изборот на фустани. На оваа листа прва ќе ја спомнеме Сандра Булок, која носеше креација на Маркеса во која изгледаше навистина просечно. Лош избор направила и Миси Пуле, која носеше креација на Валентина Делфино која изгледаше пренатрупано, а сепак невпечатливо. Беренис Беџо направила навистина лош избор со својот светло тиркизен фустан, креација на Ели Сааб. Мелиса Мекарти, која има проблем со тежината, носеше фустан кој наместо да и помогне да изгледа послабо, правеше да изгледа уште поголема. Фустанот на Руни Мара генерално беше добар, но со навистина лошо деколте. Последна на оваа листа на „срамот“ ќе ја сместиме Шејлин Вуди, чија креација на Валентино Кутур изгледа како ноќница, а не како гламурозен фустан достоен за црвениот тепих на најгламурозниот настан во Холивуд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag