Заборавете на макотрпните диети и истоштувачките вежби, отсега може да се ослободите од вишокот на килограми само со малку парфем. Магичниот парфем наречен Prends-moi има навистина уникатна формула – содржи бета ендорфини кои го намалуваат апетитот.
Парфемот е дело на францускиот ланец за парфеми Robertet, а пред некое време ја доживеа својата промоција во продавниците низ Европа. Освен бета ендорфинот, парфемот содржи и кофеин, карнитин и спирулина екстракт, комбинација на состојки за која експертите тврдат дека ги разложува маснотиите. Истражувањата покажале дека 82% од жените со користење на овој парфем имаат намален апетит, додека 75% од жените долготрајно го намалиле внесувањето на храна.
Експертите велат дека користењето на парфемот е едноставно – го нанесувате наутро и секој пат кога ќе почувствувате потреба да грицкате нешто. Парфемот е со мирис на ванила, сандалово дрво и пачули со ноти на мандарина и грејпфрут.