Веруваме дека само најверните фанови на Лана Дел Реј успеале да ги пребројат песните кои во последниот месец протекоа, а сега соаѓаат уште 3 нови.
Никој од претставниците за медиумите на пејачката не се изјаснил по повод песните кои претходната недела завршија на интернет, така што сеуште не се знае дали ќе завршат на некој официјален албум од Лана или само ќе може да се слушаат преку YouTube.
Лана своите фанови пред само неколку дена ги израдува со десетминутин филм за песната “Ride”, со кој најавила проширено преиздавање на својот прв албум Born to Die: Paradise Edition, кој би требало да излезе на 12ти ноември.
http://www.youtube.com/watch?v=NlMdtYpnrW0&feature=player_embedded
http://www.youtube.com/watch?v=l-4aYl3AnRg&feature=player_embedded