Претставена е восочната фигура на Стив Џобс

popara20 септември, 20121min00
Steve Jobs

Музејот на восочни фигури Мадам Тисо ги претстави првите фотографии од восочната фигура на Стив Џобс, која ќе биде поставена во Хонг Конг подоцна овој месец по повод одбележување на првата годишнина од неговата смрт.

По Хонг Конг, фигурата ќе ги посети Шангај и Бангкок.

Восочната фигура го покажува поранешниот извршен директор на компанијата  Apple во својата препознатлива комбинација – тексас фармерки и црна маица. Неговата поза е базирана на фотографијата снимена за насловната на магазинот Fortune 2006 година.

Според изјавите на вработените во музејот на восочни фигури, цената на фигурата на Стив Џобс изнесува 193.486 долари.