Некои медиуми комплетно се посветија на кралското семејство. Секоја надела некој нов папарацо го продава своите фотографии, а очигледно најголем ‘мерак‘ имаат на убавата Кејт Мидлтон. На најновите фотографии таа е гола!
Еден дански магазин објавил фотографии на кои се гледа како Кејт Мидлтон го соблекува костимот за капење на терасата од хотелот во кој престојувале со Вилијам за време на летувањето на југот на Франција. По нејзините фотографии на кои е сликана топлес, а потоа и оние на кои за малку ќе го покажеше задникот, ова е врвот!
Кралството сеуште не издало официјално соопштение во врска со инцидентот, но неофицијални извори велат дека кралицата Елизабета е огорчена на младата Кејт и дека нивниот однос е строго официјален.