Британскиот принц Хари оваа пролет планира огромен потфат. Со добротворната организација Walking With the Wounded, ќе се обидат да се искачат на Монт Еверест. Сеуште не е стигната никаква официјална потврда, иако портпаролот на младиот принц истакнал дека сето тоа зависи од тоа колку неговите воени должности ќе му дозволат да се впушти во оваа авантура.
Една од колешките на Хари, која исто така ќе тргне на оваа експедиција, изјавила: “Принцот нема да се искачува до врвот. Да се искачиш на врвот на Монт Еверест бара долга подготовка и ригорозен тренинг. Мислам дека Хари ќе ни се придружи во базата на кампот”.
Walking With the Wounded е добротворна организација која обезбедува помош на војниците и ветераните за после служењето на војската полесно да се вклучат назад во заедницата.