За прв пат јавно коментирајќи ја бременоста на својата сопруга, принцезата Кејт, војводата од Кембриџ принцот Вилијам се пошегувал дека утринската мачнина би требало да се преименува, бидејќи трае цел ден и цела ноќ.
Инаку, Вилијам вчеравечер за прв пат се појави на настан без неговата сопруга откако во јавноста беше соопштено дека кралското семејство чека принова.
Принцот Вилијам се пошегувал за време на вечерата во Алберт Хол, на сметка на неговата сопруга која неодамна излезе од болница поради тешките утрински мачнини.
Тој цела вечер бил опкружен со луѓе кои му честитале за тоа што ќе стане татко.