Списокот со природни процедури и маски кои се борат со различните кожни проблеми, навистина е безкраен. Следните неколку маски се новите откритија, кои специјалистите и дерматолозите ги препорачуваат, во борбата пред се со црните точки. Вратете ја перфектната состојба на вашата кожа и кажете збогум на досадните црни точки.
Маска од бадеми и кисело млеко – со помош на овие два продукта можете да приготвите лосион за лице. Потребни ви се 4-5 лажици мелени бадеми и кисело млеко за да се добие густа паста. Нанесете ја смесата на лицето и масирајте најмногу таму каде што има потреба. После тоа оставете маската да делува 15 минути. Направете го ова неколку пати неделно за да ги почуствувате брзите и ефикасни резултати.