Пристигнуваат екстремно ладни зими?!

popara16 септември, 20121min00
weh

Климатските експерти предупредуваат дека ледот на Арктикот се топи со неверојатна брзина, а дебелината се повеќе му се намалува.

Експертите доделе дека овогодинешното рекордно топење на Арктикот е дел од трендот кој се повеќе се забарзува, а може да доведе до сериозни последици врз временските прилики во Европа и САД. Рекордното топење на арктичкиот лед ќе доведе до екстремно ладни зими.

Со години наназад, климатските експерти го испитуваат влијанието на топење на арктичкиот лед врз временските услови.  Тие се свесни дека ова прашање е многу сложенo, а e предмет на сериозни истражувања. Невообичаено студено време веќе беше забележано во 2010. и 2011 година,  кога големите снежни виулици ги погодија деловите на Европа и на источниот брег на САД.

Според некој прогнози Арктикот би можел да остане без лед до 2080 години, но овие прогнози се и мнногу лоши бидејќи според експертите тоа може да се случи и многу порано.

Директорот на норвешкиот поларен институт, Ким Холмен изјавил дека зимите ќе бидат се поладни. Неговиот колега Едмонд Ханесен додал дека топењето на ледот оваа година е најголемото забележано во последните 1500 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag