Ричард Бренсон и неговиот партнер ( авиокомпанијата Virgin Blue Australian ), се „ виновниците “ за едно од најубавите места на планетава. Посебно внимание привлекува и фактот дека островот има, форма на срце а се наоѓа во близина на реката Noos и спектакуларниот брег Queensland. Преубавите плажи и големите корални гребени на приватниот остров, привлекуваат голем број посетители.
Опкружено со мирна река, островот го сочинуваат зелени тропски билки. Иако последниве години го користеле фамилиите Бренсон и Годфери, сепак сопствениците одлучиле ова парче рај да го споделат со сите заинтересирани посетители.
Ресортот нуди и многу богатства. Сите апартмани се опремени со убави и вредни Балинезе антиквитети и мебел кој е внимателно одбран и увезен на островот. Ресортот може да прими најмногу 22 луѓе во еден момент. Во склоп на цената на смештајот, гостите уживаат во бројни активности како кајак, скијање на вода, храна, пиење и многу други задоволства.
Во близина на ресортот се наоѓаат повеќе интересни занимливости, од сурфање, до голф терени, хеликоптер тури и спа центри…
Задоволството да се биде овде вреди многу повеќе !
One comment
Bojan
21 април, 2012 at 02:22
Ima isto ostrov vo oblik na srce nedaleku od bregot na Zadar,HR, se vika Galesnjak 🙂