Кога Ајс Т открива, дека тајната за среќниот брачен живот со Коко е во дивјачкиот секс, тоа ме заинтересира и направив мало истражување од кое произлегуваат следниве предлози, за да бидеме малку „подиви“ во кревет:
Викајте по време на секс
Можеби сте виделе како тоа животните го прават, без да се интересираат дали соседите ги слушаат или не. Викајте, кога ќе осетите дека желбата прелива во вас и правете го она што ви е пријатно без да мислите за тоа дали некој може да ве слушне. Нема причина за загриженост, па нели мажите сакаат да знаат дека не задоволиле?
Нафрлете се врз него
Нападнете го кога желбата за секс во вас е голема. не чекајте тој да ви „побара“. Нека партнерот разбере дека го сакате точно во тој момент. Расоблечете се уште во ходникот и направете го тоа таму, потпрени на зидот.
Користете ги ноктите
Поминете со ноктите по вратот, грбот и накрај стиснете го малку посилно за задникот. Истражувањата покажуваат дека прагот на болката е повисок по време на возбуда, па затоа малку груба игра ќе го зголеми интензитетот на оргазмот.
Отидете во природа
Кога сте на отворено, среде дивата природа тоа ќе ве опушти и ќе ви овозможи максимално да се концентрирате само на сексот, без досадни телефони и сите други придобивки на современиот живот. Видете како го правеле тоа нашите предци и колку повеќе уживале од нас.
Заседа
Кога се тушира, вие влезете гола и потпрете се во некоја провокативна поза. Тоа сигурно ќе го изненади и ќе благодари на Господ што има таква „перверзна“ девојка.
Направете го како животните
Стихот на една песна ќе ви помогне веднаш да разберете на што мислам: „ You and me baby ain`t nothing` but mammals so let`s do it like they do on the Discovery Channel“, пораката е многу јасна!
Извадете го на површина животинското во вас и натерајте го да проникне во вас од позади. За да го избезумите сосема, свртете ја главата кон него и обидете се да го погледнете додека тој проникнува во вас.