Како правилно се нанесува мејкап кај луѓето кои имаат сува кожа?
Сувата кожа може да пречи во апликацијата на шминка, резултирајќи во подлога со крлушест изглед.
Совет:
Да се изгланса лицето со топла влажна крпа за лице пред аплицирање на подлогата.
Следен чекор е нанесување на хидратантна крема, а доколку кожата на лицето е премногу сува, во тој случај пожелно е да се измеша течната пудра со малку хидратантна крема.
Што можеме да направиме за да ја подобриме состојбата на сувата кожа во долгорочен план?
* Секоја вечер треба да се нанесува природно масло ( маслиново, масло од кокос, масло од гроздови семки, масло од кантарион и сл) поради присуството на витамините А, Д, Ц, Е и протеини што ја хранат кожата.
*Доколку кожата на лицето е сува се препорачува да избегнувате вода од чешма бидејќи тоа е тврда вода која содржи разни хемикалии како хлорот и други, кои дополнително ја иритираат сувата кожа. Користете минерална или преварена вода, а може да го миете лицето и со благ раствор од зелен чај поради присуството на антиоксиданти.
* Не треба да користите тоници и лосиони кои содржат алкохол бидејќи тоа дополнително ја намалува влажноста на кожата и предизвикува пукање и лупење на површинскиот слој.
*Луѓето со многу сува кожа не треба да се тушираат повеќе од 3 минути и при тоа треба да користат благо средство за туширање во мали количини. После туширање редовно да се нанесува природно масло, бидејќи не предизвикува алергиски реакции и иритации на кои е склона сувата кожа.
* Во никој случај не треба да ја триете кожата со рапав сунѓер во текот на туширањето, а ни потоа со пешкирот. Само завиткајте се и оставете кожата природно да се исуши и да впие дел од водата.
* Внимавајте на исхраната – во вашето секојдневно мени вклучете овошје и зеленчук и храна што ги содржи витамините А и Д кои се неопходни за здравјето и добрата состојба на кожата. Се препорачува да користите рибино масло. Секојдневно треба да конзумирате 6-8 чаши вода, со цел да се спречи дехидратација на организмот што од своја страна штетно ќе се одрази и на кожата.
*Користете редовно домашно приготвени маски за сува кожа, најмалку еднаш седмично.