Канадската полиција во провинцијата Онтарио најавила дека мажот кој го проголтал дијамантот вреден 20.000 долари ќе биде задржен во притвор ссе додека не го предаде истиот.
Матјуз ќе биде во притвор додека не излезе од неговото тело 1,7 каратниот скапоцен камен, изјавиле властите.
Како што пренесува АП, поминала една недела откако 52 годишниот Ричард Мекензи Матјуз е обвинет дека со копија го заменил дијамантот од една продавница за скапоцени камења и истиот го проголтал.
Полицијата денеска соопштила дека Метјуз соработувал со нив и дека веќе неколку пати бил во тоалет, но дека дијамантот се уште е во неговото тело.