Програмирани илузии

popara15 март, 20121min00
222

Погрешно не воспитуваат дека односот помеѓу луѓето треба да се базира на многу, многу компромиси со себе си, на помирување, на избегнување конфронтации. Впрочем имено конфронтацијата создава и раѓа сила. Го создава карактерот, ја моделира пластиката на реакциите кон себе си и кон другите. Често ти ги отвара очите таму каде си решил да ги држиш затворени до болка, која би можела да е сосема излишна. Помирувањето – до што и каде ќе не доведе? Да ти се качат толку пати на глава и на крајот да те претворат во стопало? Со што треба да се помириш – да не се покажеш себе си, да заборавиш на желбите, да не ја штитиш својата позиција? Таа може да е и најнеправилната, но е позиција, која во диалог би можела да се изјасни како причина и последица.

Не учеа да си ја затвараме устата. И до што ќе не доведе тоа? Да го преголтнеш и горчливото, дури и да знаеш, дека ти се заглавува секогаш како рибина коска таму некаде во грлото?

Не учеа дека жената е слаба, а мажот силен и тоа во еден момент се покажа како утопија, која долго време ги спречувала жените во нивниот развој и ги разгалила мажите во емоционална смисла.

Не учеа дека успешна врска е онаа во која нема скандали, а успешниот брак е оној каде нема разделби, дека сигурно ќе го најдеш вистинскиот за себе…или едноставно се помируваш…

Не учеа да веруваме во илузии, да ги следиме илузиите, да живееме во илузии.

Во еден момент растеш и разбираш колку лажен може да биде светот. Не поради тебе – ти си одгледан во чистота и наивност и со…илузии. Но илузиите не се вечни, освен ако ти сам не решиш да им го поставиш тој ореол. Всушност тоа е вистинскиот свет, тој кој те заобиколува, а си тера по свое. Не во него е проблемот, а во нив. Во оние што го програмираа твојот детски мозок, дека илузијата и реалноста се идентични поими…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma