Stella McCartney дефинитивно е една од омилените дизајнерки во Холивуд. Нејзиниот вроден талент се изразува најмногу во смелите комбинации на различни модни струи и тенденции во еден удобен и неверојатно импресивен дизајн, што ги прави нејзините креации и аксесоари едни од најпосакуваните во целиот свет.
Во новата пролетна колекција чанти на дизајнерката ќе откриете една неверојатно свежа палета од бои и интересни принтови, што воедно се и топ тенденција во моментов.