Потребни состојки:
- 1 лажица растително масло
- 125 гр. – свинско, ситно сецкано.
- 50 гр.исецкани ракчиња.
- 2 – млади кромидчиња , ситно исецкани.
- 200гр. Зелка, ситно исецкана.
- 2 – лаж, брашно.
- 8 кори за пита 20 x 15 см.
- 1 лажица соја сос.
- Масло за пржење
- Сол
- Бибер
Начин на подготовка:
Загрејте, масло во тава. Пржете го свинското, ракчињата и кромидот 5 минути и постојано мешајте. Додадете го сосот од соја и зачинете со бибер и сол по вкус.
Тргнете од оган и оставете на страна да се олади. Во посебна чинија помешајте брашно со вода за да добиете глатка смеса.
Поредете ги корите како ромбоиди(со ивицата усмерена спрема вас) и ставете 1 лаж. од смесата на долниот агол, наспрема вас.
Преклопете го долниот дел од кората преку смесата. Останатите ивици натопете ги со смеса од брашно и вода. Преклопете ги страничните краеви и завиткајте. Повтерете ја постапката уште 7 пати.
Ставете ги ролниците во фрижидер на 30тина минути.
За тоа време во подлабок сад загрејте на 200ц, 500млл. масло.
Вметнувајте ги ролните во групи и пржете 3мин. или додека не поруменат.
Тргнете ги на хартиена салвета за да се исцеди вишокот на зејтин.
Наредете ги на тањир и послужете ги како појако предјадење.