Со крајот на летото, се враќа стариот начин на наплата на зонското паркирање. Од почетокот на месец октомври, па се до крајот на мај, ќе се применува зимската наплата на зонското паркирање, односно ќе се наплаќа паркирањето од 7 до 21 часот. Останува правилото дека во неделите и на државните празници паркирањето е бесплатно, а во саботите од 7 до 14 часот.