Откако во супермаркетот купила специјални скапи јајца, госпоѓата Баи се шокирала кога дома ги скршила со намера да ги зготви.
Госпоѓата Баи од кинескиот град Кингдао се изненадила кога во белката од јајцето видела црвена течност слична на крв. Таа во супермаркетот купила специјални јајца, а трговецот и кажал дека кокошката која ги снесува јајцата се хранела само со инсекти.
„Купив 15 јајца, сега ми е страв да ги јадам“, изјавила жената.
Госпоѓата Баи ги контактирала новинарите кои веднаш се упатиле во супермаркетот од каде биле купени јајцата за да пронајдат одговори.
„Тоа е нормално во белките да има црвена боја. Не би било посебно јајцето доколку е обично како и сите други“, изјавиле вработените од супермаркетот.
Но, новинарите подоцна го контактирале и производителот на тие јајца. Од таму им дале прилично бизарен одговор: „белката има црвена боја бидејќи кокошката имаше менструација“.
Од локалниот земјоделски факултет советувале жителите да не ги јадат овие јајца.