Винстон Фернандез, пензиониран сметководител од Велика Британија, бил брутално нападнат од проститутката Натали Вули. Сметководителот имал фрактура на черепот и 17 скршени ребра и пронајден е еден месец по смртта. Натали истакнува дека сетоа тоа се случило во самоодбрана и дека таа не е виновна.
Пензионираниот сметководител Винстон Фернандез (69) од Велика Британија кој по смртта на својата жена утеха барал во проститутките, брутално е убиен во една од своите домови од милион долари.
Телото на сметководителот, пронајдено е еден месец откако проститутката Натали Вули (38) го претепала до смрт.
“Девојката за 600 долари”, како што и бил надимакот на “чет” каде се запознала со сметководителот се опишувала себе си како неверојатно секси и способна жена. Врз основа пронајдените докази со убиениот, очигледно дека сметководителот бил опседнат со Натали.
-Задоволсто е да се биде со тебе, ќе станам зависен, пишувал Фернандез на четот на кој ги договарал средбите.
Откако неговата жена починала пред 12 години, Фернандез почнал да се опива и да се “дружи” со проститутки.
Од аутопсијата е заклучено дека сметководител имал фрактура на черепот и 17 скршени ребра.
-Повредите биле токлу страшни што Фернандез не можел да дише, ниту да се помрдне за да повика помош, изјавиле од итната служба.
Во своја одбрана Натали изјавила дека тоа се случило во самоодбрана, демантирајќи ги обвиненијата дека го претепала до смрт.
-Ме нападна, беше многу пијан. Ме заклучи во оставата и ме поттури со вино. Успеав некако да излезам и го бутнав на кревет. Удри со главата на масата, а јас побегнав, изјавила Вули која веднаш потоа го сменила бројот на телефонот.