Времето на секоја жена да го најде својот идеален сопруг е ограничено. А нема претставничка од нежниот пол која што несака да погоди точно во десетката. Како да го постигнете тоа?
Не судете за неговиот карактер според она како се однесува со вас. Зошто во семејниот живот настапуваат моменти во кои тој ќе се однесува со вас, точно по истиот начин како што се однесува со останатите луѓе. Затоа обрнете внимание на тоа како вашиот избраник се однесува со околината, за да знаеш како ќе се однесува и со тебе во иднина.
Обрни внимание на односот со неговата мајка. Ако тој и звони секој ден и бара совет од неа за банални работи, ако по време на викенд нема ништо против да и угоди и да отиде со неа во викендичката, тогаш треба да сте сигурни дека таа ќе биде вашата основна соперничка. Ако пак тој не сака ни да ја види, ни да ја чуе, тогаш вашиот избраник се уште не е спремен да се грижи за вас, а неговиот однос кон жените си останува на нивото на тинејџерските години.
Кажи ми кои се твоите пријатели и ќе ти кажам каков си. Задолжително запознајте ги неговите пријатели! Од овие контакти вие ќе извлечете многу полезна информација. Тој можеби пред вас е сеуште со маска, но нели знаете„ с ким си такав си!“
Обрнете особено внимание на неговите слабости. Но не се надевајте да го промените. Подобро е да размислите многу добро дали сте спремна да се помирите со неговите недостатоци, бидејќи тој сигурно нема да се смени. И не само тоа, со текот на времето тој ќе биде многу поопуштен и недостатоците ќе станат уште поизразени.
Ако планирате да имате наскоро деца и брак, видете какви се неговите реакции и коментари за ваши заеднички блиски кои се во брак и имаат деца. Ако тој се однесува со иронија кон женетите мажи, значи дека не треба да очекувате во брзо време да ве побара!