Прв пат мајка: Бразилката на 62 години родила здрави близнаци!

popara29 октомври, 20121min00
Antonia-Leticia-Asti

Антониа Асти се обидува да забремени веќе 20 години. Се обидела со вештачко оплодување, а со сопругот поднела и барање за посвојување. Но, конечно среќата и се насмевнала, родила момче и девојче.

Бразилката Антониа Летициа Асти прв пат станала мајка на 62 години. Родила близнаци зачнати со вештачко оплодување. Момчето Роберт и девојчето Софија ги родила прерано во 31 недела од бременоста, но лекарите така одлучиле поради проблемите со притисокот на мајката. Децата се тешки околу 900грама и во моментов се во инкубатор.

-Мајката се чувствува добро и покрај ризокот од бременост во поодминати години, изјавил лекарот Марко Антонио Ентони.

Антониа Летициа Асти се обидувала да забремени цели 20 години. Поминала низ бројни третмани па дури и вештачко оплодување, но без успех. Со 55 – годишниот сопруг поднела барање и за посвојување, но ги одбиле поради возраста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag