Прв состанок – пет основни правила

popara25 февруари, 20121min00
sostasnok

Се топи снегот, знаете дека ако зимата ја поминавте сами – пролетта ќе стопи некоие срце и ќе ви се посреќи со состанок! Еве правила кои ќе ви помигнат да не утнете од првиот состанок:

Внимавајте за што разговарате

Обрнете внимание да не го избркате потенцијалниот дечко со брборење за спелтките во семејството или оговарајќи ги пријателките, во изигрување советодавец како да си го подобри изгледот или во излагање на планови за вашиот заеднички живот. Последново е дефинитивно нешто од кое секој, па дури и типот кој бил потајно вљубен во вас изминатава зима – ќеизбега и ако се сеќава на вас, тоа ќе биде со уплав!

Облечете се секси

Што да се облече на првиот состанок, а да не е премногу секси провокативно или да не одаде впечаток дека премногу сте се труделе? Пред се, зависи од тоа во кое доба од денот е договорен состанокот, но како и да е, Ве советуваме да се облечете умерено секси, сепак истакнувајќи еден дел од вас кој вие лично би го фаворизирале.

Дотерајте ја косата

Никако не одете на првиот состанок со несредена, или што е уште пострашно – немиена коса! Средете се како најдобро умеете и не експериментирајте со нови фризури.

Откријте го неговиот говор на тело

Потрудете се од неговите гестови (си ги чешка веѓите, ја допира брадата, носот, или сл) да сватите што тој чувствува или што тој очекува. Не е лошо да го допрете со раката, ако приметите дека ја трга – не мора повеќе да внимавате на ништо, затоа што дефинитивно не е заинтересиран. Во тој случај, потрудете се да си поминете најубаво како со дугарка.

Без експерименти

Каде и да се одвива состанокот – ресторан или кафуле, никогаш не нарашувајте нешто што предходно не сте го пробале. Остава лош впечаток да нарчате коктел или јадење и да не го испиете или изедете  затоа што ви е невкусен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag