Аукциската куќа” Хертриџ”, организирала приватна трансакција, а новиот сопственик на стрипот , кој е објавен во 1940 година и чинел 10 центи, е единствена инвестициска компанија.
Еден американски колекционер, го продал првиот број на стрипот за Бетмен за 850.000 долари, пренесува АП.
Потпретседателот на аукциската куќа “Хертриџ”, Ед Џестер, изјавил дека пред две години, еден колекционер го купил стрипот за 315.000 долари и додава дека е во совршена состојба.
Бетмен прв пат се појавува во ДЦ комикс со број 27 1939 и станал толку популарен што за една година подоцна добил и свој серијал.