Веста дека актерката Шарлиз терон стана мајка, поточно дека посвоила момче по име Џексон се објави пред еден месец во сите медиуми. Сега пред вас се и првите фотографии од синот на оваа убавица, направени вчера на аеродромот во Лос Анџелес.
“Тој е прекрасно дете! Тој е наубавото суштество, прекрасен подарок. Навистина, тој е најдоброто нешто што ми се случило некогаш. Многу сум среќна бидејќи желбата да имам дете ми се исполни. Секогаш искрено зборував за желбата да имам семејство. Отсекогаш сакав семејство. Уште една работа која влијаеше на мојата одлука да посвојам дете е и мојата мајка, која повеќе не можеше да чека за вници”, изјавила Шарлиз во интервјуто за британскиот Vogue.
Во одгледувањето на детето на 36 годишната актерка и помага нејзината мајка, за која вели дека и е од голема помош.