Актерката и нејзиниот колега James D’Arcy ќе ги толкуваат главните улоги во филм за создавањето на легендарното дело на Alfred Hitchcock – “Psycho”.
Johanson во филмот ќе ја толкува улогата на Janet Leigh, додека D’Arcy ќе го игра Anthony Perkins.
Anthony Hopkins ќе ја игра улогата на познатиот режисер, а оскаровката Helen Mirren ќе го толкува ликот на неговата сопруга Alma. Сценариото за филмот го напишана Ivan Reitman.
“Alfred Hitchcock and the Making of Psycho” ќе ја следи приказната за потеклото на познатата хорор класика и ќе откриете со какви предизвици, тешкотии и пречки се соочувал режисерот во текот на снимањето.