Работи кои ги научивме од телевизија

popara1 октомври, 20121min00
tv
  • Ако се наоѓате во некоја одамна напуштена куќа, треба да ги истражите сите чудни звуци, во облека која најмногу открива
  • Креветите секогаш имаат чаршави кои жените ги покриваат до рамена, а мажите до половина
  • Сите ќеси со намирници содржат по еден багет
  • Секој може да слета авион ако има некој во контролната кула да му дава упатства
  • Кога еднаш ќе се стави кармин, тој не се вади па дури и да одите да нуркате
  • Системот за вентилација на секоја зграда е совршено место за криење
  • . Никој таму нема да ве бара, а вие може да стигнете до било која друга просторија во зградата
  • Ако сакате да поминете како Германски офицер, воопшто не е важнод а го зборувате јазикот, туку доволно е да имате соодветен акцент
  • Пијалокот во чашата не се пие до крај
  • Мажот не го боли тепањето и ранувањето, но кога раната ја чисти некоја девојка, тоа секогаш е најголемата болка на светот
  • Кога се плаќа на таксист, нема потреба а барате низ новчаникот, која пара и да ја извадите, тоа ќе биде точниот износ кој треба да го платите
  • Во кујната нема светло. Кога одите во кујна навечер, го користите светлото од фрижидерот
  • Судар на кола и камион секогаш завршува со експлозија
  • Сите сами жени имаат мачка
  • Кога еден пука кон 20 мина има многу повеќе веројатност тој да ги убие сите, отколку тие него
  • Не е важно ако сте помалку во број при тепачка; противниците ќе кружат рипкајќи околу вас, додека не го натепате неговиот партнер, па тогаш тој ќе ве нападне
  • Кучето секогаш знае кој е лошиот и лае кон него
  • Бомбите секогаш имаат екран со одбројување за да знаете уште точно колку време има додека да експлодира
  • Еден детктив може да го реши случајот точно откако ќе биде суспендиран за истиот

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *