Наместо голема помпезна свадба со месеци и месеци планирање и буџет од неколку милиони долари, познатите актери Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли решија да „стапнат на лудиот камен“ спонтано и романтично.
Познатата холивудска двојка се венчаше вчера во Чарлстон, а на самата венчавка, која се оддржала во прекрасен бел шатор, присуствувале околу 60тина гости, меѓу кои и неколку холивудски ѕвезди, вклучувајќи го и менаџерот на актерката. Актерите се обиделе да ја држат свадбата во тајност се до последниот момент, бидејќи сметале дека станува збор за приватен настан за кој треба да знаат само нивните најблиски.
Портпаролите на Рејнолдс и Лајвли сеуште не се огласиле околу самата свадба, но блиски пријатели на Лајвли велат дека се тотално шокирани, особено заради фактот дека врската на актерката со Рејнолдс се одвивала многу брзо, иако таа раскина со Леонардо Ди Каприо пред околу една година.
Ова е втор брак за Рејнолдс, кој 2 години беше во брак со актерката Скарлет Јохансон, додека за Лајвли ова е прво брачно искуство. Па, нека им е со среќа!