Ако им верувате на галсините, Расел Бренд продолжил понатаму, но не го променил својот вкус за жени. По распаѓањето на бракот со Кети Пери, и фрлил око на колешката Зое Дешанел, која исто така поминува низ развод. Зое документите за развод ги поднела три дена пред Кети и Расел да објават дека се разведуваат.
“Расел одамна ја забележа Зое, а сега и испраќа смешни и флерт пораки.Тој смета дека таа е интересна и слатка. Ја сака нејзината смисла за хумор и смета дека одлично би функционирале и на екранот и надвор од него”, открива близок извор. Иако е заинтригирана од неговиот интерес, Зое не сака да избрза со нова врска, а ни фактот дека е женкар не му оди во прилог. Покрај тоа, свесна е дека многу наликува на неговата поранешна сопруга, затоа се плаши да се впушти во нешто без добро да размисли.