Развојот на венчаниците и нивното значење низ вековите

popara16 ноември, 20121min00
116178865357639891_uPH1jOde_c

На денот на венчавката, жените од стариот Египет специјално се облекувале, облечени во долги фустани, шарени наметки, додека на главата носеле марама која била закачена позади уши.

Во античка Грција, биле завиткани со наметки, под нив носеле туники а на главата имале венец од мирта- цвет на Афродита, божицата на љубовта.

Во Англија, во 14 век, принцезата Филипа на својата венчавка носела она што денес потсетува на венчаница, а потоа и девојките почнале на венчавките да носат гранче во раката кое симболизира верност.

Белите фустани на венчавка почнале да се носат во почетокот на 19 век кога е претставен и обичајот со свадбените подароци, приеми и свадбени торти. Тогаш прв пат се појавил и превезот на главата, младите носеле букет цвеќе, а забележано е дека и младите тогаш прв пат носеле и ракавици.

Иако белата боја останала императив кога венчавката во фустани била во прашање, под нападот на феминистичкото движење и сексуалната револуција на 70-тите години на минатиот век, на венчавката се носеле фустани во сите бои и должини, долгиот фустан веќе не бил задолжителен.Но, сепак сега тоа повеќе зависи од желбата на младите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag