Реално за виртуелната љубов

popara19 март, 20121min00
111

Во реалниот живот обично љубовта доаѓа сосема неочекувано. Во интернет, напротив, се ни изгледа многу добро смислено. Обично бараме човек што наликува на нас. Но бидејќи она што го знаеме за другиот,е многу малку, нашата фантазија започнува да ги пополнува празните места. Така неусетно создаваме представа кој многу малку одговара на реалноста. Сосема логично е, дека обичниот човек тешко може да се носи со блескав идеал, што ние сме го создале и после средбата во живо, обично остануваме длабоко разочарани.

Преку мониторот нема како да ја почувствуваме мистериозната хемија на човечкото и сексуалното привлекување. А штом нема хемија, целата романтика на виртуелната љубов во миг ќе стане прав и пепел.

Се разбира не сите влегуваат во виртуелното пространство со надежта да ја откријат љубовта. Многу од нив си поставиле цел – да си ги остварат сексуалните фантазии. Други се соживеале во улогата на фатални жени, кои постојано разработуваат во чатовите љубовни техники и стратегии. Тука е местото човек да се представи не таков каков што е, а таков како што сака да биде. Вие никогаш нема да сте сигурни на каков човек ќе налетате. Вие барате љубов, а тој можеби само секс.

И сепак, дали е можно во лажната атмосфера на виртуелниот свет да најдеме трајни и вистински интимни односи?

Во принцип, да. Зголемениот број интернет парови, кои создаваат семејство и деца се доказ за тоа, но сепак имајте на ум дека постојат и многу подводни замки.

Поголемиот дел од флертовите во интернет завршуваат само со секс за една ноќ. После тоа виртуелните вљубени преминуваат во потрага по нови партнери. Големото разнообразие од профили, еуфоријата од флертот, анонимноста и малата вредност на овие врски создаваат вистинска интернет зависност.

За голем дел од корисниците е тешко да се одделат од оваа средина и да се вратат кон реалните човечки односи, дури и да сметаат, дека го нашле вистинскиот човек.  Едноставно, многу е тешко да го видиш вистинското лице на човекот отспротива. Многу е тешко да ги откриеш неговите намери. А кога се ќе се сведе на секс за една ноќ, ќе ги бараш грешките во себе. Грешката не е во тебе, вистината е дека некои луѓе само тоа го бараат. Затоа дајте си доволно време, за да сте сигурни за каков човек станува збор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag