Рецепт за губење на тежината, кој навистина делува

popara31 октомври, 20121min00
greensmoothie

Познатите дами имаат таен рецепт за кој тврдат дека е супер ефикасен! Откријте како се подготвува специјален зелен пијалак…

Дита Фон Тиз изјавила дека нејзиниот добар изглед се должи на “сјајниот зелен пијалок” кој и помага да остане слаба! Тоа е здолжителен дел од дневното мени на Дита, а понекогаш го консумира и два пати дневно!

-Во суштина, она на што се потпирам е зелениот пијалак, секое утро. Ручам умерено и обично е во прашање вегетаријански оброк, како салата. Потоа навачер јадам нормален оброк, вели Дита.

Дита која на крајот на месецов наполни 40 години користи рецепт од книгата The Beauty Detox, кој е напишан од познатата нутриционистка Кимберли Шнајдер. Иако признава дека сака да се почести од време на време, Дита вели дека од оваа книга научила како да се храни избалансирано.

Признаваме дека Дита изгледа фантастично, па затоа ви го откриваме рецептот за Official Glowing Green Smoothie кој го осмислила Кимберли. Пробајте го и кажете ни дали навистина функционира!

Состојки (за 2 до 4 порции):

  • 1,5 до 2 чаши многу ладна, филтрирана вода
  • 6 чаши исецкан спанаќ
  • 5 чаши исецкана зелена салата
  • 2 стапчиња целер
  • 1 излупена и исецкана јаболка
  • 1 излупена и исецкана крушка
  • 1 банана
  • 1 до 2 кафени лажици сок од лимон

Изборни состојки:

  • Мраз (екстра ладење ќе ви помогне да го преживеете вкусот)
  • Половина чаша коријандер
  • Половина чаша магдонос

Начин на подготовка:

Ставете вода, спанаќ и салата во блендер. Уклучете на минимална брзина и матете додека не добиете изедначена смеса. Постепено зголемувајте ја брзината и додадете ги останатите состојки. Бананата и лимонот додадете ги последни.

Уживајте (ако е можно)!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag