Редоновот консумирање на чоколадо може особено кај мажите да го намали ризикот од мозочен удар, покажало едно шведско истражување, а резултатите биле објавени во магазинот Neurology.
Научниците испитуваке повеќе од 3700 мажи кои ги следеле повеќе од десет години, а оние кои јаделе најмногу чоколадо имале 17% помал ризик од мозочен удар во однос на оние кои избегнувале да јадат чоколадо.
„Користа од чоколадото веројатно е поврзана со флавоноид во чоколадото кои делуваат како антиоксиданси кои имаат позитивен ефект на крвниот притисок, холестерол и крвни садови“, изјавила раководителката на истражувањето Сузана Карсон од институтот во Столкохлм.