Рекорден пад на цените на акциите на Facebook!

popara30 јули, 20121min00
0703007.42

Популарната социјална мрежа во четвртокот ги објави финансиските резултати за второто тромесечие. Компанијата работеше многу подобро од очекувањата на некои аналитичари, но тоа не беше доволно да ја задржи цената на акциите, кои во четвртокот паднаа најниско.

Цената на акциите потона за 9%, па така цената беше пониска за една третина од почетната цена на акциите кога компанијата се појави на берзата.

Фејсбук не објави проценки за понатамошниот бизнис и како ќе ги зголемува приходите. И покрај тоа што има 955 милиони активни корисници, 543 милиони мобилни корисници и 552 дневни  корисници, не се гледа како компанијата ќе ги претвори овие бројки во приходи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma