Неверојатниот бум кој го направи Galaxy smartfon би требало да и обезбеди на оваа компанија остварување на рекорден профит од 5,9 милијарди долари во второто тромесечие од оваа година.
Може да се заклучи дека компанијата би остварила раст од 79% во однос на истиот период минатата година.
Меѓутоа сето тоа не ја спречи оваа јужнокорејска компанија да изрази загриженост поради последиците од европската криза.
„Европа е наш најголем клиент на пазарот на електрониката и ние сме принудени да ги намалуваме трошоците, ако еврото и понатаму паѓа“, изјавил еден официјален претставник од компанијата кој сакал да остане анонимен.