Компанијата АТ & Т дала официјално соопштение во кое се наведува дека iPhone 5 постигнал нов рекорд.
Новата генерација на паметни телефони на Епл се продава побрзо од предходните верзии, се наведува во соопштението.
Се наведува дека првите залихи на новиот iPhone се продале 20 пати побрзо од предходната верзија iPhone 4 и 4S.
Во меѓувреме се огласиле и од компанијата Епл, а навеле дека за првите 24 часа биле продадени 2 милиони примероци од новиот паметен телефон.