Едно познато излетничко езеро во американската држава Илиноис се најде во центарот на вниманието откако е откриен вид на риба која ги убива мажите со тоа што им ги одгризува тестисите.
Многу семејства кои одат на излет на ова езеро сега внимаваат бидејќи се дознало дека неколку рибари фатиле опасна риба. Во Нова Гвинеја оваа риба стана позната поради тоа што беше одговорна за смртта на двајца рибари кои ги изгризала за тестиси, а тие починале поради губење на големо количество крв.
На почетокот се мислело дека станува збор за пирана, но подоцна се утврдило дека тоа е рибата паку. Таа потекнува од областа Амазон во Бразил и има дебели, тврди и остри заби.